Глен МекДафи, ветеран на американската морнарица кој бакнува медицинска сестра на прочуената фотографија направена веднаш по завршувањето на Втората светска војна, починал во 87-мата година од својот живот.
МекДафи починал во неделата во Далас, рекла неговата ќерка Гленда.
Ветеранот стана познат кога изјави дека тој е морнарот од фотографијата направена на 14. август 1945 година на Тајмс сквер во Њујорк.
Фотографијата стана позната како симбол на радост поради победата над Јапонија во Втората светска војна.
Меѓутоа, долго се поставуваше прашањето дали е навистина тој на сликата. Неговите тврдења сепак, ги потврди Лоис Гибсон, форензичарка и уметник, по детална анализа.
МекДафи кој бил дел од американската морнарица, се наоѓал во Њујорк кога дознал дека војната е завршена и дека неговиот брат ќе се врати од јапонскиот логор.
„ Бев пресреќен. Истрчав на улица и тогаш ја видов медицинската сестра. Таа ме погледна со огромна насмевка на лицето. Само дојдов до неа и ја бакбав, Ништо не си кажавме еден на друг. Потоа отидов во Бруклин“, после долги години раскажа МекДафи.
Тој после војната се оженил три пати.