Неодоливо слатко задоволство: Чоколадни мафини

Нема кој не се радува на десертите. Така, овој викенд ви нудиме едноставен рецепт со кој можете за кратко време да приготвите вкусни колачиња за вашите најблиски. Освен што овие мафини изгледаат неодоливо, тие се и вистински „сладок грев“ за стомакот.

Состојки:

– 1 чаша јогурт
– Прашок за пециво
– 1/2 чаша зејтин
– 2 чаши брашно
– 1 чаша шеќер
– 1 лажица какао
– Млеко 3 dl
– 1 пудинг од чоколада
– 3 лажици шеќер
– 50 g маргарин
– Какао за попрскување (1/2 лажици)
– 2 јајца

Подготовка:

Изматете ги јајцата со миксер и додадете го јогуртот, зејтинот и брашното, претходно измешани со прашокот за пециво и какаото. Налијте ја добиената смеса во калапчиња, и печете 20-30 минути на температура од 200 степени. Во меѓувреме, половина млеко измешајте со пудингот и додадете ја и останатата половина кога смесата ќе зоврие. Мешајте додека не згусне. Кога ќе се олади филот, додадете маргарин и со готвачки шприц украсете ги колачињата.

Совет:

Мафините можете дополнително да ги украсите со чоколадни трошки, кокос, некое парче овошје или јаткасти плодови.

Уживајте!

DSC_0285 milk chocolate cupcakes3

- Реклама -