„Пред да исчезнат“: Домородни племиња од целиот свет

Во 2009 година, фотографот Џими Нелсон започна патување со цел да ги документира последните домородни култури во светот.

Тој поминал по две седмици со секое од овие племиња, се запознал со нивните традиции, учествувал во ритуалите и го прикажал нивниот начин на живот низ извонредни фотографии. Деталите на неговите фотографии ги покажуваат уникатната носија, накитот, начинот на кој тие ги уредуваат своите коси и најважните културни елементи на секое од племињата.

Проектот насловен: „Пред да исчезнат“, кулуминираше со фантастична книга издадена во три верзии, во која се најдоа голем број приказни извлечени од неговите средби, и повеќе од петстотини фотографии.

Во галеријата подолу ви прикажуваме 15 фантастични извадоци од проектот на Нелсон, кои ги прикажуваат културните различности на племињата од различните делови на светот, недопрени од глобализацијата и новите технологии.

Чукчи, Русија
Чукчи, Русија
Вануати, Островска нација во јужниот дел на Тихи Океан
Вануати, Островска нација во јужниот дел на Тихи Океан
Горока, Папуа, Нова Гвинеја
Горока, Папуа, Нова Гвинеја
Казаци, Северните делови од Централна Азија
Казаци, Северните делови од Централна Азија
Дани, Западна Нова Гвинеја
Дани, Западна Нова Гвинеја
Калам, Источна Папуа, Нова Гвинеја
Калам, Источна Папуа, Нова Гвинеја
Каро, Етиопија
Каро, Етиопија
Маори, Нов Зеланд
Маори, Нов Зеланд
Ладаки, Северна Индија
Ладаки, Северна Индија
Мурси,  Југозападна Етиопија
Мурси, Југозападна Етиопија
Мустанг, Непал
Мустанг, Непал
Ненети, Северна Русија
Ненети, Северна Русија
Рабари, Индија
Рабари, Индија
Хули, Папуа, Нова Гвинеја
Хули, Папуа, Нова Гвинеја
Самбуру, Северна Кенија
Самбуру, Северна Кенија

На официјалната страна на проектот „Before They Pass Away“, можете да најдете повеќе интересни информации и фотографии за племињата.

- Реклама -