Спротивно на некои теории дека подобрата ориентација на мажите се должи на центар во мозокот, кој е добро развиен, проф Гина Рипан од Универзитетот Астон во Бирмингем тврди дека нема разлика во женскиот и машкиот мозок. Специјалистот за неврологија тврди дека мозокот се адаптира и развива подеднакво кај двата пола.
Гина Рипан вели дека сите разлики се резултат на околната средина, а не биолошки . За весникот The Telegraph Рипан не ги поддржува резултатите на различни студии кои тврдат дека мозокот на жената се справува подобро во социјалните вештини, меморијата и задачите или правењето на неколку работи истовремено, додека мажите се справуваат подобро со перцепцијата и координацијата .
„Едноставно не е вистина да се тврди дека има разлики помеѓу мозоците на мажите и жените. Не може да разликуваш машки од женски мозок “, вели Рипан. Таа е специјалист по неврологија. Според неа машките и женските црти се обликуваат како резултат на „половите стереотипи”, на кои бебињата и децата се изложуваат, додека растат.
Силните поделби меѓу момчињата и девојчињата штетат на развојот на децата. Дури и големите разлики меѓу играчките за момчиња и девојки водат до развој на различните зони во нивните мозоци. „Луѓето сметаат дека малите девојчиња сакаат да се принцези”, вели Рипан и додава дека тоа всушност се појавува подоцна и испраќа рано порака до детето што се очекува од него.
Таа препорачува дека малите деца не треба да имаат различни играчки, за да можат да се развијат сите зони на мозокот рамномерно и подеднакво добро. Уште поважно според неа е да бидат поттикнати да играат со она што го привлекува нивното внимание најмногу.
„Забраната за одреден вид играчки може да го ограничи нивниот потенцијал”, коментира Меган Периман, коосновач на групата Let Toys Be Toys, која го поддржува укинувањето на половото стереотипизиране на играчките .