Зошто доживуваме дежа ву, како музиката предизвикува емоции или едноставно што е тоа свест, се само некои од неодговорените прашања поврзани со човековиот мозок.
AllTime10’s на едно место собра 10 нерешени мистерии кои се уште ги крие човековиот мозок, со неколку објаснувања и погодувања, но и причини зошто некои нешта се уште ни се непознати.
Меѓу овие мистерии се наоѓаат емоциите и физичката реакција која се појавува кога слушаме музика, свеста која сите ја имаме, но не ја препознаваме затоа што е субјективна за секој, но и како специјализирани делови од мозокот меѓусебно комуницираат и како мозокот од тие елементи јасоздава нашата поединечна перцепција за светот.
Голема загатка претставува и сонот за кој поединечни научници веруваат дека ни помага да ги решиме проблемите со кои сме соочени, како и начинот на кој нашиот мозок го разбира времето – иако звукот патува побрзо од сликата, нашиот мозок сепак е во состојба да ги синхронизира овие две нешта.
Потсетете се колку малку знаеме за најдрагоцениот дел од човековото дело: