Додека огромен број на луѓе немаат храна за јадење, неверојатно е колку многу храна се фрла во депонија.
Според најновиот извештај од Светската Банка околу една третина од храната која се произведува во светот завршува во отпад.
Актуелниот претседател на оваа организација, Ким Јонг, ја нарече оваа бројка „засрамувачка“, поради тоа што помеѓу четвртина и третина од храната произведена на глобално ниво се фрла.
Во поголемите држави, загубите се поголеми во сооднос со производството
На пример, во Северна Америка, околу 61% од фрлањето на храна се случува додека ја носиме храната дома и таа скапува (или ја фрламе мислејќи дека е нешто е расипано или скапано). Според пресметките, секој човек годишно троши просечно 1600 американски долари на фрлената храна.
Колку за споредба, во внатрешноста на континентот Африка, овој процент е еднаков на пет. Таму најголем дел од фрлената храна (87%) е резултат на процесот на производство, чување и транспорт, уште пред да пристигне до потрошувачот.