Оваа фотографија е направена во палестински кварт во Дамаск, кој е под опсада на сириската армија од јули 2013 година. Тука од глад умреле најмалку 55 лица, а голем дел од децата страдаат од неисхранетост, тврдат палестинските активисти.
Во моментов под опсадата во регионот се 20 000 лица, додека областа постојано се бомбардира.
Оваа фотографија е објавена од United Nations Relief Workers Agency и покажува огромна редица од луѓе кои чекаат раздавање на храна од единицата на ОН.
Според Ројтерс сирискиот режим и во помал степен одделни бунтовнички групи, кои се борат против него, ги блокираат храната и медицинска помош.
Фотографијата го стресе светот, бидејќи покажува до која мера луѓето во регионот гладуваат и им е потребна помош.