Македонски Electro House: Создаден во Неготино и звучи светски!

Драги читатели со гордост ви го сервиваме фактот дека и во Македонија постојат талентирани млади луѓе кои целосно се посветени да се усовршуваат во она што го сакаат.

„Springer” е името на најновиот македонски Електро Хаус хит, кој е компониран и продуциран од Silver Mind Production a.k.a Мартин Андов и Dirty Minds а.к.а Ѓоке Јованов и Јован Димитров – сите тројца се од Неготино.

Ова музичко парче тие го  подготвувале повеќе од 3 месеци, а самите велат  дека  вложиле многу голем труд во неговата реализација.

Тие откруваат дека веќе е во план истото да се  промовира од страна  на една од најголемите продукциски куќи.

Бидејќи обожаваме да промовираме млади и амбициозни луѓе, ние им изразуваме голема поддршка, па наскоро се надеваме дека ќе  ги гледаме со големи успеси на светската сцена.

- Реклама -