Силниот ветар на плоштадот „Свети Петар” вчера не го поштеди и папата Францис. Додека ја поздравуваше толпата, стихијата му ја отстрани капата, а малку потоа фрли и дел од мантија во неговото лице.
Лидерот на Католичката црква изгледа сепак не се вознемири и мирно ја приглагоди облека, оставајќи ја главата гола.
Ова не е прв куриоз со шапката на папата Францис. Во декември минатата година тој прегрна дете кое љубопитно му ја крена капата, за да го види она што се крие под неа.