Со цел подигнување на свеста кај средношколците, од опасноста која ја создава дрогата, започна кампања која ќе се бори за тие цели.
Меѓу целите е и первентивното и едукативно дејствување врз младите, со помош на Царинската управа.
Кампањата со наслов „Остани чист!Не биди муле!!!Одлуката е твоја!“ започна со запознавање на младите со опремата на Царинската управа, неопходна за откривање на дрогата која криминалците се обидуваат да ја внесат или да ја изнесат од државава, и со начинот на работата на цариниците.
Во 2013-та Царинската управа заплени 14 килограми хероин и 934 килограми марихуана, а од 2009-та до 2013-та над 12 илјади парчиња екстази и други медикаменти.
Едукацијата на младите ќе ја вршат стручни лица од Царинската управа преку презентации низ неколку државни средни училишта во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Штип.