Синоќа во Лондон се одржа 62. издание на свеченото доделување на БАФТА наградите што ги доделува Британската академија за филм и телевизиска уметност.
За најдобар филм во изминатата година беше прогласен „12 години ропство“. Наградата за најдобра актерка ја доби Кејт бланшет за главната улога во филмот „Блу Јасмин“, а актерот Чиветел Еџифор ја доби БАФТА наградата за најдобра машка улога во филмот „12 години ропство“. За најдобри споредни улоги наградени се Баркад Абди за филмот „Капетан Филипс“ и Џенифер Лоренс за „Американски измамник“.
Најдобар режисер е Алфонсо Куарон за филмот „Гравитација“. Познатиот режисер и автор на култни филмови, Питер Гринавеј ја доби специјалната награда БАФТА за исклучителен придонес за британската кинематографија.
Низ црвениот килим зачекорија голем број познати ѕвезди меѓу кои: Бред Пит, Анџелина Џоли, Сандра Булок, Леонардо ДиКаприо, Опра Винфри, Принцот Вилијам…
Најголем фаворит на годинашните БАФТА награди беше филмот „Гравитација“, кој имаше 11 номинации, и освои 6 награди.