Француски десерт на кој не можете да одолеете – Макаронс

Не постои некој кој би останал рамнодушен на малите колоритни француски слатки макаронс. Едноставно, освен што изгледаат неодоливо, тие се и необично вкусни. Во продолжение ви го откриваме  рецептот за истите, и пријатно изненадете ги вашите најдраги:

Потребни продукти за основата:

– 4 белки
– 70 г. шеќер
– 250 г. шеќер во прав
– 150 г. мелени бадеми
– боја и арома по желба

SONY DSC

Потребни продукти за филот:

– 300 мл слатка павлака
– 200 г. чоколадо

Подготовка:

Белките мораат да бидат на собна температура, никако ладни. Изматете ги во совршено чист сад, бидејќи доколку подлогата е влажна или на неа постои и најмала маснотија, постои опасност да ви пропадне целиот труд во вода. Изматете ги белките најпрво со кристал – шеќерот се додека смесата не стане цврста и сјајна, а потоа лесно и полека додадете го и шеќерот во прав и мелените бадеми. Доколку сакате вашите колачиња да имаат друга арома и боја, додадете во белките само две три капки (не повеќе за да не се изретчи смесата).

macarons_trayingup
Смесата ставете ја на слаткарска ќеса и на добар, дебел плех обложен со хартија за готвење истискајте мали колачиња со слична големина и осатавете да отстојат еден час. Потоа, испечете ги 12-13 минути во рерна загреана на 150 степени. Готовите макаронси оставете ги да се оладат, па потоа многу внимателно одвоете ги со нож од хартијата, за да не се распаднат.

macarons8

Фил:

Загрејте ја слатката павлака и, кога ќе започне да „струи“, додадете искршена чоколада, бела или црна, во зависност од тоа што повеќе сакате. Мешајте со лажица или жица се додека чоколадата не се стопи. Оставете да се олади и сместете ја во фрижидерот да преноќи. Утрото добро со миксер изматете го филот, и со него, започнете да ги спочувате макаронсите.

salted-caramel-macaron-filling

Уживајте!

macaron2

- Реклама -