Една од омилените актерки и нејзината омилена бела чанта

Една од безбројните квалитети на „Нејзиното Височество“ – чантата е тоа што таа не е љубоморна и никако не бара да е една и единствена.  Ние пак со задоволство го користиме нејзиното разбирање и при секоја можност наоѓаме ново другарче, кое ќе не следи и ќе ни ги чува неопходните предмети.

Но, вистината е дека иако имаме бројни чанти во гардеробата, речиси сите поседуваме една омилена од која што не можеме да се разделиме. Бидејќи ако ја пронајдеш вистинската торба, со неа создаваш нераскинлива врска, базирана врз префинетост, стил и елеганција.

Во текот на последниот месец актерката Рис Витерспун јавно ја докажа моќта на оваа врска. Веќе неколку недели шармантната русокоска не се дели со својата нова придобивка – бела торба со минималистички дизајн од The Row’s Satchel 12.

Еве ги и најубавите визии, со кои што таа го искомбинира дизајнерскиот скапоцен камен:

25C6107D00000578-0-image-m-49_1424218776807 Reese-Witherspoon-Loves-The-Row-Satchel-12-Leather-Tote Reese-Witherspoon-The-Row-Leather-Satchel-5 Reese-Witherspoon-The-Row-Satchel-12-Tote

 

- Реклама -