Заборавете на мислењето дека луѓето се комплексни суштества кои имаат многу емоции.Нова научна студија покажа дека имаме само четири.
Имено, научниците ширум светот секогаш мислеле дека имаме шест емоции: Среќа, изненадување, страв, гадење, бес и тага.
Но, новата студија од Универзитетот Глазгов покажува дека луѓето во својата база имаат само четири емоции: среќа, тага, страв и бес.
На учесниците на оваа студија им покажувале израз на различни лица, па тие требале да ги препознаат нивните емоции.
На почетокот, сите ги гледале бесот и гадењето, како и стравот и изненадувањето премногу слично.
На пример, изненадувањето и стравот имаат слична гестикулација кај образите.
Меѓутоа, како што се развивале изразите, учесниците успевале да направат разлика меѓу нив. Така се дошло до резултатот дека разликите меѓу бесот, гадењето; изненадувањето и стравот се резултат на социјална еволуција.