Рејчел Фредериксон не можела да поверува дека е победничка во шоуто ‘The Biggest Loser’. Таа тврди дека нејзината самодоверба која ја добила ѝ е поважна од парите.
Таа е поранешна спортиска која на само 23 години тежела 117 килиграми. Се страмела да биде и со своите родители. Но, во финалната емисија на ‘The Biggest Loser’, Рејчел Фредериксон пред камерите се појави непрепознатлива. За само 15 недели во ова шоу успеала да симне дури 70 килограми, и сега тежи 47 килограми. Рејчел била една од трите финалисти, а како победник освоила 250 илјади долари.
Ѝ биле потребни неколку секудни да сфати дета токму таа е победникот на ова шоу. Таа изјавила како успеала да се трансформира од несраќна и тажна девојка во личност со многу самодоверба.
– Ја пронајдов таа девојка во себе и никогаш нема да ја оставам- заклучила и инсистирала дека сигурноста која ја стекнала во себе ѝ е многу поважна од титулата победник во шоуто.
– Ова патување ми го промени животот. Шокирана бев кога дознав дека јас сум победникот- открила зад камерите Рејчел, која ги победила Дејвид Браун и Боби Салем.
Во текот на емитувањето на емисијата на гледачите им било кажано дека од сите 15 сезони на ова шоу, натпреварувачите севкупно изгубиле 15 тона.