Името на принцезата од Кембриџ конечно е откриено на светот, ја претставуваме Шарлот Елизабет Дијана.
Во трогателно оддавање почит, малото девојче, кое беше родено во саботата на втори мај, е именувано во чест на нејзиниот дедо, нејзината баба и нејзината пра-пра-баба.
Кенсингтон палатата ја потврди веста на Твитер ова утро:
„Војводата и војвотката од Кембриџ се радосни што можат да соопштат дека нивната ќерка ја нарекоа Шарлот Елизабет Дијана. Бебето ќе биде познато како Нејзиното кралско височество принцезата Шарлот од Кембриџ.“
Денес, новороденчето се сретнува со нејзината пра-баба, кралицата, во Норфолк, каде ќе претстојува и монархот.
Малата принцеза може наговестува нова генерација во монархијата, но традиционално е членовите на кралското семејство да земат пример од имињата од минатото. Повторувањето на имиња во секоја генерација е делумен обид да се зачува контимуитетот на една од најстарите институции во светот.