На полувремето на Супер Бол натпреварот се прикажуваат „избраните“ реклами. Некои шокираа, секои се забранети, а некои насмеаа до солзи.
Овогодинешниот Супер Бол го следеа неколку милиони луѓе и токму затоа компаниите додатно се потрудиле околу рекламите кои се прикажуваат за време на полувремето. Некои добија и негативни коментари.
Рекламата за познатиот освежителен пијалак навидум е вистинска семејна реклама која ја слави љубовта и пријателството. Сепак, има нешто што ја шокирало американската јавност. Песната ‘America the Beautiful’ која може да се слушне во позадина, била отпеана на неколку различни јазици што многу ги разлутило т.н. вистински Американци. На Твитер има создадено посебна тараба (hashtag #)#SpeakAmerican преку кое луѓето ја изразувале својата лутина. Некои рекле дека ова е најлошата реклама некогаш направена, некои рекле дека е срамна. Некои отишле толку далеку што напишале дека никогаш нема повеќе да го пијат овој освежителен пијалок. Погледнете го видеото и проценете дали „вистинските Американци“ претерале со своите реакции.
Уште една реклама предизвика реакции од јавноста. Гвен Дин со помош на актерот Џон Туртуро и GoDaddy порталот дале отказ на националната телевизија. GoDaddy е портал кој нуди место за самопромоција, куповен домен итн. По оваа реклама, Гвен добила шанса да работи тоа што навистина го сака- изработка на кукли.
Скарлет Јохансон е ѕвезда на новата Супер Бол реклама која требало да се прикаже на спектакуларната завршница на американскиот фудбал. Видеото во кое се промовира Soda Stream, апарат за изработка на здрави газирани пијалоци, се рекламира под насловот ‘Sorry, Coke and Pepsi!’ Тоа предизвика бројни контроверзии и забрана на организаторите на Супер Бол затоа што Кока Кола и Пепси се редовни реклами на овој настан.
Само да потсетиме за околу една минута компаниите оваа година плаќаат во просек по 4 милиони долари за реклама. Погледнете ги и едни од најдобрите реклами од овогодинешниот Супер Бол.
Cheerios — “Gracie”
Dannon Oikos — “The Spill”
Budweiser — “Puppy Love”
Microsoft 2014\ Empowering
Ian Up For Whatever Film – Extended Scenes | Bud Light
Volkswagen — “Wings”
Kia — “The Truth”