Бумерангот е еден од најстарите летечки објакти кои ги создала човечката рака.
Малкумина знаат дека најстариот бумеранг е пронајден во Полска, а староста му се проценува на 20.000 години.
Научниците сметаат дека првите луѓе до изумот „бумеранг“ дошле сосема случајно. Тие користеле разни алати за лов на животни, а со законот за големи броеви некој и некогаш ги обликувал во она што денес го нарекуваме бумеранг.
Со неговата мистичност се опсеседнал Дарен Тану. Овој студент од Оксфорд во последно време се занимава со прочување на бумерангот, а неодамна сними и видео во кое ја објаснува логиката на повратниот лет на овој необичен пронајдок.
Клучот е, вели Тан, во прецизно обликуваните крилја. Тие се дизајнирани така што бумерангот се подигнува додека лета, а целиот трик лежи во фактот дека едното крило ротира малку побрзо од другото. Поради овие разлики едната страна на бумерангот се подигнува побрзо од другата и на тој начин се создава сила која постепено го врти бумерангот во воздухот.
Она што подоцна се случува е добро познато. Тој се враќа назад на местото од каде што бил фрлен, а ако им верувате на научниците најдобар резултат ќе постигнете доколку бумерангот го свртите вертикално и му обезбедите добра ротација.