Фестивалот „Земјотрес 2“ започнува вечерва во МКЦ

Второто издание на фестивалот за независна музика, „Земјотрес 2“, ќе се одржи вечерва во Младински Културен Центар со почеток од 19 часот.

На фестивалот ќе настапат повеќе од 20 македонски музичари и бендови, од кои бендот SPANK во рамките на фестивалот ќе има и промоција на албум. И оваа година како и минатата, освен музичката програма, во холот на МКЦ ќе бидат поставени и изданијата на издавачите како и промотивните материјали на бендовите.

Цената на картите изнесува симболични 100 денари, а она што преостанува е да ја поддржиме локалната сцена.

Во продолжение погледнете го распоредот на настапите:

1013757_691483780892565_226793777_n

- Реклама -