Идеален подарок за секој знак

Астролошка уметност на давањето на подароци.

Овен

Подарете им нешто ново и модерно, во црвена боја. Тоа се личности кои секогаш сакаат први да имаат нешто што е во тренд. Сакаат игри од било кој вид, а кои претставуваат вистински предизвик. Добри идеи се исто така: црвено цвеќе, црвен сатен или рубин како скапоцен камен. Бидејќи Овенот владее со главата, добар подарок би бил било каков украс за коса или обетки. Сака лични работи со втиснато име или монограм. Подарокот треба да биде спакуван во нешто светкаво и дајте им го веднаш, зашто не сакаат да чекаат.

Бик

Сакаат подароци кои дејствуваат на сите нивни сетила. Пронајдете нешто што звучи, мириса, изгледа добро или е вкусно. Во секој случај нека биде нешто квалитетно. Овие личности ја знаат вредноста на се и ќе им биде позната дури и цената на подарокот. Најпогодни се разни растенија, скапоцени камења, кристали, крзно и кашмир. Сигурен подарок секогаш е нешто во врска со музиката. Личностите од овој знак повеќе сакаат конкретен подарок, материјален доказ дека нешто ви значи. Бидејќи сакаат да собираат скапоцености, како и пари, подарете им паричник или касичка. Тоа често ќе го користат.

Близнаци

Им прилегаат подароци кои се во согласност со нивните ментални интересирања и хоби. Тоа се личности кои ќе знаат да ја ценат вашата снаодливост. Бирањето подарок за нив е забавно. Сакаат најнови книги или модерни уреди. Добра идеја е дневник за да можат да ги забележат своите авантури. Со оглед на тоа дека Близнаците сакаат да работат повеќе работи истовремено, купете им уште еден телефон. Бидејќи Близнаците владеат со рацете, подароци кои доаѓаат предвид за жени се прстени, ракавици или некаков прибор, но сето тоа во некој модерен и интересен дизајн. Близнаците ќе бидат задоволни и со неколку мали подароци, наместо еден голем. При пакување на подарокот обрнете внимание да биде на необичен начин, ништо здодевно и традиционално.

Рак

Се што има врска со храна и со куќа сигурно ќе биде добар подарок. Исто така сакаат се што е поврзано со море. Многу се емотивни, па затоа подарокот на некој начин треба да биде романтичен и сентиментален и да покаже дека навистина ви значи оваа личност. Сака антички предмети. Секогаш ќе се израдува на корали, школки, бисери, фин кристал и сребро. Најчесто се добри фотографи, па може да им подарите рамка за фотографија, албум, проектори и сл. Овие личности се колекционери, па затоа дознајте што собираат и набавете некој редок примерок, Заедно со подарокот напишете им нешто лично.

Лав

Водич нека ви биде квалитетот на сончевиот знак, што значи подарокот мора да биде светкав или сјаен, нешто со што ќе се фалат. Може да ги одведете на одмор и да им посветите специјално внимание. Сјајот ќе го постигнете со златен накит или со крзно. Исто така им одговараат: козметика, огледала, четки за коса, златно пенкало, шампањско, постелнина од сомот, луксузна долна облека или тантела. Сакаат свои фотографии и портрети. Подарокот мора да биде супер спакуван, со голема честитка со порака полна со обожавање.

Девица

Сакаат практични, корисни подароци- ништо што е пренагласено или екстравагантно. Најмногу сакаат книги, но има теми кои особено ги интересираат. Одберете здрави работи, кои имаат врска со диета, со добар изглед, или со самоподобрување. Девиците исто така ги интересира технологија, часовници, затоа што најмногу ја ценат точноста. Ќе бидат задоволни со подарок кој е во врска со чистотата, затоа што се педантни личности, односно што било за бања. Практични подароци се и прибор за пишување или убава чанта. Доколку купувате облека, водете сметка да биде од природни влакна, со неутрални бои, ништо нападно.

Вага

Што и да одберете мора да биде убаво. На Вагите им прилега облека, прибор, декоративни предмети и се што ја разубавува нивната околина од естетска гледна точка. Како подарок одговара и некоја вечерна гардероба, затоа што водат богат социјален живот и често одат на забави. Освен тоа може да им подарите и интересни книги, уметнички предмети, членство во некој музеј, билет за некој културен настан но ништо што е премногу гласно или екстремно во било кој поглед. Скапоцен камен во розова боја исто така одговара за подарок. Освен тоа ова е романтичен знак, па погрижете се да не го заборавите роденденот, годишнините, празниците.

Скорпија

Бидете таинствени, скријте го подарокот, а на Скорпијата само посочете ѝ каде се наоѓа. Скорпиите сакаат црна кожа или крзно, мистериозни или шпионски приказни, се што има врска со море. Ги интересираат предмети кои служат за шпионирање на другите. Сакаат постелнина, долна облека од црна тантела, нежни ткаенини. Ги привлекуваат таинствени предмети како што е кристална топка, мрачни волшебни предмети и сл.

Стрелец

Ова се личности кои најголем дел од времето го поминуваат надвор од дома, на отоврен простор. Идеална е разна спортска опрема, организирање авантуристички патувања, смешни подароци или подароци за нивните миленичиња. Имаат афинитет кон далечни пространства- Ориентот, Африка, Индија, па подарете им нешто оттаму. Нивни најомилени бои се пурпурна, кралско жолта, маринско сина и бела. Од причина што се во постојано движење, сакаат патни торби, книги кои ќе ги читаат по пат и многу други работи поврзани со патувања.

Јарец

Сака отмени, конзервативни подароци, задолжително од некоја позната фирма, купени во најдобрата продавница во градот. Купете им нешто за нивниот имиџ. Обично сакаат шпански работи, фламенго или танго музика. Во врска со книгите, ги интересираат биографии на славни и богати личности, или книги за тоа како да успеат во животот. Може да им купите нешто што ќе им користи во работата, но ништо претерано или блескаво. Личностите од овој знак подарокот го разбираат многу сериозно. Исто така луди се по технологија.

Водолија

Изнанедете ја Водолијата со некој конвенционален подарок, но спакуван на најнеобичен начин- на пример крзнено палто во ќеса за ѓубре. Тие се воодушевуваат на оригиналност. Ништо вообичаено не доаѓа во предвид. Ако не можете да се одлучите, предлагаме некој нов апарат или кристал од аметист. Личностите од овој знак сакаат предмети направени од материјал од „вселенската ера“. Книга како подарок треба да има тема од иновација, ментална авантура, научна фантастика, астрономија, политика, астрологија или окултизам. Им се допаѓаат светли бои, особено сина и апстрактен дизајн.

Риби

За нив подароците мора да имаат елемент на фантазија, магија и на романтика. Рибите сакаат мистични подароци, хорор литература и научна фантастика. Слушаат роматична музика и сакаат да читаат љубовни приказни. Многу ги ценат парфемите и миризливите масла за масажа. Рибите владеа со стапалата, па затоа секој подарок во врска со нив ќе биде ценет. Рибите не гледаат на цената на подарокот кој го добиле, најважно им е подарокот да им биде драг. Предвид доаѓаат и предмети кои се во врска со морето, па дури и вечера со поглед на некоја водена површина. Кон подарокот вклучете и љубовна песна.

- Реклама -