A Venus Fly Trap cе уникатна појава на македонската современа музичка сцена (влијанијата од различни бендови како New Order, The Fall, Social Distortion, Mars Volta, The Cure, Ex Models, Buzzcocks и Snеаker Pimps се навистина добар аргумент за овој вовед).
Водени од желбата да се случува нешто интересно, му контрираат без отстапки на градското сивило, таканаречената авангарда и медиокритетите, соочувајќи се храбро и директно со лицемерието и дволичноста на лажниот урбан дух. Тие тргнуваат од сопствените опсесии и лични противречности, во обид да стигнат до некоја нова индивидуална утопија.
„Книга или боја“ е најава за нивниот прв албум „Невреме“ кој ќе биде објавен под етикетата на издавачката куќа „Направи заедно“.
Сите оние кои би сакале да слушнат како звучат A Venus Fly Trap во живо, ќе можат да го направат тоа на второто издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес 2“ кој ќе се одржи на 1. февруари во Младинскиот културен центар, со почеток во 19 часот.
Повеќе за составот прочитајте тука.