Мистериозните нишка на темната материја која се крие зад видливиот универзум можеби е видена за прв пат.
Темната материја се смета од суштинско значење за теориите кои објаснуваат како универзумот се шири и како галаксиите интерактуваат, но до сега ги избегнуваше научниците. Сега, астронаутите ги имаат направено првите директни слики како дел од својата мрежа користејќи квазар како „осветлување“.
Квазар е вид на активни галактички јадра кои емитуваат интензивна радијација напоена од супермасивна црна дупка во центарот на галаксијата. Овој поединечен квазар, лоциран 10 милијарди светлосни години далеку, осветлува огромна маглина од дифузен гас за да се открие мрежа на нишки, кои ги поврзуваат галаксиите во космичката мрежа.
Со години, космолозите вршеа компјутерска симулација од структурата на универзумот за да развијат што тие го нарекуваат „стандарден модел на космологијата“. Нивните пресметки укажуваат на тоа дека, како што универзумот расте, материјата станува групирана како огромна космичка мрежа, исплетувајќи го својот пат во нишки и јазли под сила на гравитацијата.
Последните резултати од 10-метарскиот телескоп Кек на Хаваи, се пријавени од страна на научниците од Универзитетот од Калифорнија, Санта Круз и Макс Планк Институтот за Астрономија во Хајделберг.
„Ова е многу исклучителен објект: огромен е, најмалку два пати поголем од било која маглина откриена до сега, а се протега и надвор од галактичката средина на квазар“, изјави првиот автор Себастијано Канталупо, постдокторски колега на UC Santa Cruz.
Расојанието до квазарот е толку голема што емитуваната светлина е „протегната“ од страна на ширењето на универзумот од невидлива ултравиолетова бранова должина во видлива виолетова сенка за времетраењето додека стигне до Кек телескопот.
Во предходниот преглед на далечните квазари користејќи ја истата техника за барање на блескав гас, истражувачите откриле т.н. „темни галаксии“, најгусти јазли на гас во космичката мрежа. Ове темни галаксии се смета дека се или премногу мали и премногу млади за да имаат формирано ѕвезди.
„Темните галаксии се многу поцврсти и помали делови од космичката мрежа“, вели професорот Канталупо. „Во оваа слика, ние исто така можеме да видиме темни галаксии, во прилог на многу повеќе дифузна и проширена маглина. Некои од овој гас ќе паднат во галаксиите, но повеќето од нив ќе останат дифузни и никогаш нема да формираат ѕвезди“, додава професорот.
Додека набљудувањата поддржани од компјутерска симулација „слика на космичка мрежа“, резултатите на истражувачите укажуваат на тоа дека речиси 10 пати повеќе има гас во маглината од предвиденото. „Овие набљудувања го предизвикуваат за нашето разбирање на меѓугалактички гас и ни даваат нова лабораторија за тестирање и преработување на нашите модели“, вели професор Канталупо.
Што е темна материја?
Темната материја ги опкружува галаксиите низ универзумот и е невидлива затоа што не рефлектира светлина.
Таа не може да се види директно со телескоп, но астрономите знаат дека таа е таму, поради гравитационите ефекти кои се видливи за ова прашање. Галаксиите, на пример, не можат да ротираат на начинот на кој тие можат и да го оддржат обликот без присуство на темната материја, велат истражувачите.
Европската веселенска агенција вели: „Запалете факел во сосема темна просторија, и ќе може да видите само тоа што го осветлува факелот. Тоа не значи дека просторијата околу тебе не постои. Слично на тоа е и нашето сознание дека темната материја постои, но никогаш не сме ја виделе директно.“
Научниците се прилично сигурни дека таа постои и дека е од клучно значење за универзумот.