Koлач со кокос

Потребни состојки
10 јајца
300 грама шеќер
1 лажица оцет
5 лажици брашно
200 грама кокосово брашно
200 грама шеќер во прав
1,5dl млеко
1 лажица густин
1 маргарин
2 кесички шлаг пена

Подготовка

Се мати цврст снег од 10 белки, се додава лажица по лажица целиот шеќер и на крај оцетот. Во смесата се дополнува и внимателно се матат 2 лажици брашно со 200 грама кокосово брашно и се пече во загреана рерна околу 30 минути на 150 степени во претходно подмачкан калап.
За фил се матат 10 жолчки и шеќерот во прав. Се додава 1,5 dl млеко, 1 лажица густин и 3 лажици брашно па филот се вари на пареа додека не се добие густ крем. Филот се лади и се додава пенесто изматен маргарин.
Готовиот фил се филува на испечениот и изладен колач. На крај се украсува со шлаг пена и се сече на парчиња.

- Реклама -