Научниците успеале да создадат математички модел кој би овозможил да се спасите доколку вашиот град го погоди нуклеарна бомба.
Научникот Мајкл Дилан создал математички модел кој го намалува ризикот од радијацијата која ја предизвикува нуклеарен напад и го пресметува „оптималното време за пронаоѓање на скривница“.
Долгогодишниот совет се однесува на моментално пронаоѓање на скривница, а идеално би било доколку имате под земја. Понатаму, во друга категорија спаѓаат и „лесните“ згради како оние кои се изградени од дрво или се без подрум.
Погледнете ја препораката на Дилан за сите оние кои се наоѓаат на 33 километри од центарот на нуклеарна експлозија која е со помала сила од онаа на Хирошима. Формулата е врз база на оддалеченоста и ширње на радијацијата.
– Доколку се потребни 5 минути или помалку да стигнете до подобра скривница, како што е бетонски подрум, потребно е моментално да го напуштите местото и да се упатите таму во истиот момент.
– Доколку скривницата е оддалечена 15 минути, потребно е да останете во домот до 30 минути и дури потоа да тргнете.
– Кога е во прашање само патувањето до скривницата, не треба да се грижите да го заштите телото ид радијација, бидејќи таа може да се „испере“ кога ќе пристинете во сигурната зона.
Овој модел е наменет првенствено за итни планирања и случаи на несреќа, со цел во што пократок рок да се фокусирате кон оптимална стратегија за заштита.