Највисокиот врв во Нов Зеланд, Маунт Кук, познат и како Аораки (на маорски), се намалил за дури 30 метри.
Новото истражување покажало дека планината која се издигнува во средишниот дел од Новозеландските Алпи, на Јужниот остров, веќе нема 3.754, туку 3.724 метри.
Како што јавува BBC, научниците овој феномен го препшале на ерозијата, откако во 1991 година дошло до одрон на карпите и мразот на самиот врв на планината.
Сепак, Маунт Кук и понатаму останува највисокиот врв во Нов Зеланд.
Планината го добила своето име по капетанот Џејмс Кук, кој со својата војска го открил Нов Зеланд во 1770-та година.