Кога станува збор за љубовта и сексот , ви се појавуваат ли во главите розово- црвенкасти сцени ? Или пак за вас љубовта е идеална комбинација од млеко со какао ? Воопшто какви се боите на љубовта и сексот и каква е нивната важност ?
Бојата кажува многу повеќе за љубовта отколку што мислите , особено што се однесува до врските „Млеко со какао ” . За многумина различната боја на кожата е пресудна при изборот на партнер . Бојата на разлики има посебна страст, па и дури станаа особено силен афродизијак .
Врски ” јин и јанг ”
Бојата на сексот според синестезијата
Ако вие мислите дека можете да го опишете сексот само со една боја , за синестезијата сексот може да биде вистинско виножито. Синестезијата е состојба при која се забележува збунетост на сетилата и мешање на перцепции. Затоа синестезијата познава различни фази на сексот во различни бои – предиграта е портокалова , големиот секс е црвена , оргазмот е во сини тонови, а потоа следува ладење на страстите до жолто . Всушност тукушто ги опишавме боите на огнот , а кога сексот вреди , тој навистина е огнен танц.
Боите го зголемуваат либидото
Затоа внимавајте каква боја избирате за вашата спална соба. Ако барате нешто смирувачко и приспивно , одберете сино, но ако сакате спалната да биде вашата топла соба за игри , одберете црвеното или виолетово .
Виолетова спална за повеќе секс
Какви сте во кревет според омилената боја?
Сигурно имате барем една или неколку омилени бои. Доволно е да го отвориме шкафот и ќе сфатите кои се тие. Но, уште поважно , вашите најдраги бои издаваат какви сте во креветот.
Така , на пример , црвената е симбол на страста , оние кои сакаат виолетова се сексуално задоволни и оргазамот им е приоритет. Зелената е знак за нежност , смиреност , сигурност и сериозни односи , белото пак е симбол на романтиката и срамежливост во кревет.
Магијата на боите
Бојата на долната облека возбудува
Секоја жена има во гардеробата барем по еден комплет црвена и црна долна облека . Токму ова се боите кои имаат најсилен ефект врз машката возбуденост.