Британскиот хорор “Storage 24”, стана ноќна мора, но не толку за гледачите колку за продуцентите, затоа што за време на прикажувањето во светските кина во 2013-та година заработил „неверојатни“ 646 долари!
Во филмот станува збор за четири лица кои по авионска несреќа остануваат заробени во едно огромно складиште во Лодон и набрзо откриваат дека не се сами и дека има вонземско чудовиште. Ваков мал интерес за филм не бил очекуван со оглед на фактот дека трејлерот за филмот на јутјуб бил прегледан над 2,5 милиони пати.
Уште поголема катастрофа доживеа драмата “A Perfect Man” во која е вложено околу пет милиони долари, а остварила заработка од само 445 долари.
Некои медиуми беа наклонети на ова остварување па на некои сајтови може да се најдат податоци дека филмот, од кината заработил неколку илјадници долари.