Само еден поглед на овие прекрасни фотографии може да ве натера да се затресете од студ и да се нурнете во топлата покривка. Се работи за замрзнатите светилници на Свети Јосиф на брегот на езерото Мичиген. Фотографиите се направени од Томас Заковски и Том Гил. Тие се толку замрзнати што личат на бајка кули од филмот „Хрониките на Нарнија”.
Овие два светилници се изградени на брегот на езерото Мичиген во почетокот на дваесеттиот век. Во зима се покриваат речиси целосно со мраз поради брановите кои удираат во нив. Надворешната кула е малку пониска од внатрешната и е изградена во 1906 година. Висока е околу 10,5 метри, додека внатрешната кула е изградена година подоцна, и е малку повисока. Светилниците се поврзани со мост, кој го надополнува магичниот поглед покриен со снег и мраз.
Нема никакви ограничувања за посета на светилниците, па затоа тие се одлично место за туристите. Тука можете да уживате во убавината и да ја слушате грмотевицата на брановите на брегот на езерото Мичиген. Оваа зима кулите повторно се покриени со мраз, па ако сте страствен фотограф, фатете ја камерата и трчајте натаму! Езерото Мичиген е едно од петте северноамерикански Големи езера, но е единственото кое лежи целосно на територијата на САД. Големите езера се толку огромни што влијаат на климата и времето во целиот регион.