Фестивалот на снег во Харбин кој по традиција започнува на 5-ти јануари, е нешто што доколку некогаш имате прилика да престојувате во Кина во зимскиот период, мора да го видите.
Едноставно, оваа ледена бајка во која се наоѓа единствен свет од неверојатни скулптури и градби буквално ќе ви го одземе здивот.
Фестивалот годинава го слави неговиот 30-ти роденден, а од година во година изгледа се поимпресивно. Најголема артакција за 2014-та е репликата на црквата Халгримскиркја од Рејкјавик, Исланд, која со својата височина од 46 метри, е досега најголемата направена скулптура во Кина.