Kира Најтли: Јас сум една печатна грешка

Актерката Кира Најтли откри дека всушност не требала да се вика така и нејзиното име е резултат на погрешно спелување.

„Името требало да ми биде Kiera, а не Keira. Татко ми сакал да ме крсти по една руска натпреварувачка во уметничко лизгање, која ја давале тогаш на телевизија и тој ја обожавал.

Но, на крајот мајка ми отишла да го запише моето име ми и го спелувала погрешно, бидејќи воопшто не е добра со правопис. Кога се вратила татко ми избувнал: „Што по ѓаволите си направила, нејзиното име е погрешно?” Но, откако излегло веќе на хартија, немало враќање назад. Па еве ме и мене – една печатна грешка “, раскажа во интервју Кира.

- Реклама -