Понекогаш она што ви е потребно за да бидете креативни е само еден куп картони и бебе, кое треба да биде забавувано. Ова е токму тоа што ги инспирирало Леон Мајки и Лили Ланг да ги ре-креираат нивните омилени филмски сцени откога се преселиле во нивниот нов дом.
Младата брачна двојка се преселиле од Мелбурн во Сиднеј, Австралија, па со преостанатите картонски кутии решиле да ги искористат како дел од нивната креација на познатите филмски сцени, но главниот лик во овие сцени е нивниот десет-месечен син.
Убавата иницијатива да се има квалитетно време поминато со семејството стана инспиративен проект насловен Канцеларија од картонска кутија, кој стана многу успешен. Симпатичната двојка и малиот син веќе ги реконструираа сцените од филмските класици како Alien (Bubbalien), Jurasic Park (Goo-Goo Gaa-Gaa-Rassic Park), Castaway (Castababy), и Jaws (“You’re Gonna Need A Bigger Baby…”).
Погледнете ја прекрасната колекција фотографии на Леон и Лили.