Монголија е 19-та најголема држава во светот со околу 1.564.116 километри квадратни, а воедно и најретко населената држава во светот со вкупно население од 2,9 милиони луѓе, малку повеќе од населението во Македонија која териториски пак, е помала околу шеесет пати.
Земјата има шест природни зони: многу планини со високи врвови на кои има глечери, златни песочни дини со најситен песoк, бескрајна степа во која сонцето изгрева и заоѓа од земја, има шуми, езера, реки. Со еден збор, прекрасна недопрена природа.