Потребни состојки:
1 помала главица кисела зелка
4 главици кромид
По вкус бибер
1 чаша минерална вода
10 лажици масло за јадење
Половна килограм кори
Подготовка:
Зелката се сече ситно и се динста. При крај се додава кромидот и биберот.
Во тепсија за бурек се реди по ред една кора па се прска со масло и минерална вода па втора кора врз која се реди динстаната зелка.
Постапката се повторува додека не се потрошат сите состојки.
Бурекот се пече околу 30 минути на 200 степени.