Ји Јанг Ли од Јужна Кореја создава невозможни фотографии во своето мало студио во Сеул. Се што ќе замисли, таа го претвора во реалност.
Она што е најкарактеристично за оваа уметница, е фактот што таа за своите фотографии не користи фотошоп, па при креирањето на една композиција најчесто и се потребни недели, па дури и месеци. Таа рачно ги изработува сите детали во нејзиното малечко студио чија големина изнесува 15 метри квадратни.
Сепак, трудот се исплатеше, па Ји Јанг Ли за кусо време се стекнаа со огромна популарност. Погледнете ги бајковитите дела кои таа ги создаде.