Kaко настанале чоколадните бомбони ?

Најпопуларните чоколадни бомбони на светот, пралини,  настанале на многу интересен начин – со среќна неприлика, пишуваат хроничарите.Тие велат дека ова вкусно задоволство настанало кога еден „трапав“ млад кувар испуштил полна рака излупени бадеми по грешка.

Кога го видел тоа, шефот на кујната бил вон себе. Тој го повлекол младиот кувар за уво и случајно турнал чинија со шеќер, кој паднал врз бадемите.

Аристократот за кој што работеле нетрпеливо го чекал десертот и веќе бил лут на своите кувари што доцнат.

Шефот тогаш ги собрал шеќерните бадеми, ги прелил со чоколадо и му ги сервирал на газдата кој се воодушевил од вкусот.

- Реклама -