Нелсон Мендела, поранешен а воедно и првиот демократски избран претседател на Јужноафриканската република, почина вчера (четврток), 5-ти декември. Подолг период се борел со серија болести, а починал како последица на респираторна инфекција на 95 годишна возраст. Се сеќаваме на него по неговите инспиративни и револуционерни зборови и пораки.
„Добриот ум и доброто срце се секогаш импресивна комбинација.“
„Нема страст таму каде што се игра на ситно- во помирување со живот кој е помалку од оној кој си навистина способен да го живееш.„
„За да бидеш слободен не е потребно само да ги тргнеш синџирите, туку и да живееш на начин кој ја почитува и вреднува слободата на другите.„
„Никогаш, никогаш и никогаш повторно нема да се случи, оваа преубава земја некогаш повторно да ја искуси репресија и угнетувањето од еден на друг.“
„Секогаш делува невозможно сѐ додека не се направи тоа.“
„Научив дека храброста не е отсуство на стравот, туку негово совладување. Храбар човек не е оној кој не чуствува страв, туку оној кој го надвладува тој страв.„
„Нема ништо слично како враќањето на место кое оставува непроменето и да ги најдеш начините во кои ти самиот си се променил.“
„Образованието е најмоќното оружје кое можеш да го искористиш за да го промениш светот.“
„Најголемата победа во живеењето не лежи во никогаш не доживувањето неуспех, туку во повторното станување секој пак кога ќе паднеш.“
„Она што ги одделува луѓето едни од други е она што го создаваме од тоа што го имаме, а не тоа што ни е дадено.“
„Запознај го твојот непријател- и научи за неговиот омилен спорт.“
„Во мојата земја прво одиме во затвор а потоа можеме да станеме претседател.“
„После искачување на висок рид, само ќе видиш дека има уште многу ридови за искачување.“
„Никој не е роден мразејќи друг човек заради бојата на кожата, или неговото потекло, или неговата религија. Луѓето морале да научат да мразат, а ако можат да научат да мразат, тие можат да бидат научени и да сакаат, затоа што љубовта доаѓа поприродно на човековото срце отколку нејзината спротивност.“
„Не ме суди според мојот успех, суди ме според бројот на моите неуспеси и повторното враќање и обидување.“