Човекот кој што ја нслика Мона Лиза, ги направи првите скици на хеликоптер и подморница , „даде“ и еден музички инструмент. Каков?Неговите скици од 15. век покажуваат инструмент кој е нешто помеѓу чембало и виолончело, каде коњките влакна лизгаат низ должината на жиците. Тој го нарекол инструментот „ Viola organista“.
Конечно, полскиот пијанист Славомир Зубрзицки успеа да го оживее необичниот инструмент. Минатиот месец го претстави, воодушевувајќи ја публиката во Краков.