Актерката која ја киднапирал полициски служебеник и ја силувал, била пронајдена во заклучена соба во една вила во Мумбаи.
Веста за исчезнувањето на популарната актерка Срејита Де, позната како Мукта, ја потресе јавноста вклучувајќи го и државниот врв во Индија.
Во потрагата за актерката биле вклучени и војската и полицијата. Срејита пред два дена била пронајдена во една вила, заклучена во соба и со големи модрици. Како што пренесуваат медиумите, таа била киднапирана од страна на полициски службеник и силувана.
Мажот од 30 години, не го познавала актерката лично, но благодарение на видео камерите било забележано дека тој ја следел со месеци.
Срејита моментално се наоѓа на домашно лекување.