Кога се појави видеото на Мајли Сајрус за песната „Wrecking Ball“ реакциите беа поделени и знаевме дека претстојат огромен број на пародии на нејзина сметка. Особено „епската“ сцена во која таа со јазик го поминува прашливиот чекан.
Сепак, иако ги очекувавме, бевме изненадени од успехот на пародијата на Стив Кардинал која достигна за само три дена мега популарност и собра околу 39 милиони прегледи на YouTube. Но, има и зошто. Погледнете како изгледа кога „брадест“ маж ќе ги превземе чекорите на Мајли во свои раце.
[youtube] http://youtu.be/W6DmHGYy_xk[/youtube]