Грешки во готвењето поради кои се здебелувате

Јадењата од ресторан се полни со калории и скриени состојки, па заради тоа за оние кои пазат на линијата е многу подобро да готват дома. Но, што ако со месеци не јадете надвор од дома, а вагата и понатаму покажува исто? Време е да обрнете внимание на навиките во готвењето.

1. Грешка- Користите премногу масло

Маслиново масло има добри масти, но и многу калории- една лажица содржи речиси 125 калории. Тоа можеби не звучи многу, но ако не внимавате лесно е да го зголемите количеството во неговото користење, дури и четири пати повеќе од потребното.

2. Грешка- Проценка на порциите

Знаете дека е важно да ги контролирате и планирате порциите, но на крајот на работниот ден можеби броењето на секоја состојка ви е последното нешто на ум. Наместо тоа, порциите ги мерите грубо и од око, што може да биде катастрофално за вашата линија. Не бидете мрзливи и добро проценете колку риба, месо, житарици и зеленчук треба да бидат вклучени во оброкот.

3. Грешка- Роб на рецепти

Ако слепо го следите секој рецепт, ја губите можноста оброкот да го направите уште поздрав. На пример, ако според рецептот треба да ставите шоља крем или павлака, наместо цела шоља, ставете половина пире од авокадо или грчки јогурт. Таа едноставна замена ќе смали голем број калории и маснотии, а нема да влијае на вкусот и текстурата.

4. Грешка- Грицкате додека готвите

Понекогаш е тешко да оддолеете да ја вкусите храната додека ја приготвувате, особено ако сте многу гладни. И иако тоа грицкање не може многу да наштети, има храна која многу може да направи разлика. За да го избегнете ова, џвакајте мастика или пијте вода додека готвите. Освен тоа, за секој гриз додека готвите ставете помалку храна во чинијата.

5. Грешка- Јадете за да не се фрли

Вечерата беше одлична, сити сте и задоволни. Но кога трнувате да ја расчистите масата, гледате дека остатоците од чинијата ве „повикуваат“ да ги изедете. Помогнете си себеси, така што ќе ги тргнете остатоците што побрзо. Во овој случај, старата поговорка и тоа како е вистинита- далеку од очи, далеку од срце.

- Реклама -