Најдобрата пародија досега на спотот на Кание Вест со Ким Кардашијан

Деновиве низ медиумите и социјалните мрежи е особено актуелно најновото видео на раперот Кание Вест за песната „Bound 2“ во кое главната улога ја има неговата вереница, Ким Кардашијан.

Иако на некои им се допадна романтичниот и до некаде експлицитен начин на кој тие јавно ја искажаа нивната љубов, останатите сметаа дека е непотребно и премногу отворено привлекување на вниманието на јавноста. Едноставната љубовна приказна прикажана во спотот инспирираше бројни шеги и „фотошопирани пародии“.

Сепак, еден чекор понапред отидоа познатите актери Џејмс Франко и Сет Роген, кои снимија речиси еднакво видео како оригиналното, со тоа што Сет се најде во улогата на Ким, а Џејмс ги замени потезите на Кание.

[youtube]http://youtu.be/Y3TTiHRrEBE[/youtube]

- Реклама -