Лана дел Реј влегува во филмските води

Лана дел Реј доби прилика да го провери својот талент и во филмските води. Имено, таа се најде во улогата на извршен продуцент на документарецот за американскиот уметник Даниел Џонстон, кој боледува од биполарно пореметување и шизофренија.

Лана е долгогодишен обожавател на овој американски пејач, музичар и сликар. Пејачката донираше околу 10.000 долари за снимањето на документарецот, па така и стана продуцент во овој проект.

daniel-johnston

Филмот е музичка приказна за уметник кој го прогонуваат психоделични сонови, кошмари и ликови од минатото. Првобитната идеја била да се реализира приказната и сеќавањето за животот на уметникот.

За да би снимила разговор со Даниел, Лана еден месец престојуваше на неговиот ранч во Тексас.

Иако љубителите на музиката на Лана дел Реј со нетрпение го очекуваат нејзиниот следен албум, таа искрено изјави дека „се уште нема инспирација за нови песни“.

- Реклама -