Сара Енхарт од Минополос направи серија фотографии наречени „Моменти на среќа“, а во која се прикажани последните заеднички моменти на сопствениците и нивните миленици.
Смртта на кучињата речиси сите сопственици ја доживуваат еднакво болно како кога се губи член од семејството, но сепак, понекогаш разделбата е неизбежна, а овие лица прифатија да застанат пред објективот на Сара за последен пат со нивните најверни пријатели. На фотографиите се наоѓаат кучиња кои се многу стари или боледуваат од неизлечлива болест.
Авторката го започна овој проект пред три години, а бројот на заинтересирани луѓе и понатаму расте.