Викенд рецепт: Пица – палачинки

Феноменалната комбинација на прочуениот италијански специјалитет и омилените палачинки се врвен вкус во кој сигурно ќе уживаат сите кои што ќе се одлучат на оваа подготовка.
Палачинките подгответе ги вообичаено.

За фил:

200г печурки

200г. шунка или кулен

250 г. кашкавал

100 г. сок од домат.

сол

бибер

оригано

100 г. маслинки без семки

Уште:

2 јајца

презли

Подготовка

Исечете, но не преситно сите состојки за фил, додадете го сокот од домат, зачинете, па потоа филувајте ги палачинките. Превиткајте ги како сарми. Филуваните палачинки ставете ги во изматени јајца, папрезла и печете ги на малку загреан зејтин ( или во фритеза). Палачинките можете да ги сервирате со рендан кашкавал или сос од мајонез, павлака и кисели карставички.

 

- Реклама -