Пицата е најпрепознатлив, најраспространет и најпосакуван оброк низ целиот свет. Во секое време и со скоро секој пијалок одговара, што ја прави најпознатиот рецепт во светот. Но, сепак земјите низ светот не се исти, па така ни рецептот за пица не е секаде ист. Погледнете колку различни називи и начини на подготвување на пица постојат.
#1 Окономијаки- Пица во Јапонија
Оваа вкусна пица, наречена Окономијаки во Јапонија, е направена со јапонска палачинка. Одозгора се става малку нагаимо, кое е вид на сладок компир, лесно рендан, како и јајца и рендана зелка, а потоа неколку ракчиња, свинско, kimchi, mochi и октопод (или лигњи). По печењето во печка, се завршува со мајонез, исушени бонито снегулки, anori, што е вид зелена алга, кисел ѓумбир и сладок okonomi сос.
#2 Пица со три вида на сирење- Кореја
Оваа солена, солена, солена пица е популарна во Јужна Кореа. Со потекло од Pizza Hut, е направена со три тенки корки, наредени една врз друга и потоа прекриена со три врсти на сирења. И што добивате? Толку многу сирење што нема да знаете што ве снашло. Оваа пица е една од „Германското филе“ посипано со колбаси, сецкана зелка и сенф.
#3 Лангос- Унгарија
Лангос од Унгарија ги прави сите гладни. Пржено тесто, направено од млеко или вода, лажица шеќер и, во некои случаи, павлака, јогурт или пире од компири. По пржењето, тестото е посипано со кисела парвлака и рендано сирење, како и шунка или колбаси. Тестото е намачкано со путер од кромид, и одозгора ставено други состојки по избор, како модар патлиџан, зелка, кефир, печурки, а за сладок вкус, може да се додадат шеќер или мармалад.
#4 Тарте Фламбе- Франција
Омилена пица во Франција, Тарте Фламбе е направена со многу тенко тесто, виткано нанадвор и оликувано во правоаголник, или во круг за повеќе традиционална пица. Тестото е покриено со формаџи blanc или крем fraiche, бел сос од сирење мешавина, а потоа покриен со сечкани парчиња кромид и сланина. Преведено името значи „пита печена во пламен“ но оваа пица не е печена над пламен, туку во рерна на оган.
#5 Кока- Шпанија
Кока е миризлива шпанска пица која е или слатка или солена, а понекогаш малку и од двете. За слатката верзија се употребува јајце и шеќер, а во солената се користи квасец и сол. Додатоците вклучуваат зеленчук и риба, но исто така овошје, јаткасти плодови, сирења и меса. Тестото може да биде отворено, како традиционална пица, или затворена која изгледа повеќе како calzone. Кока обично се служи за време на празниците, како што се Велигден, Божиќ, и Св. Јован.
#6 Манакиш- Либан
Манакиш е популарно либанско јадење, кое наликува на саканата традиционална пица, но има многу различен вкус. Тестото на типичен начин е посипано со мелено месо, сирење и мајчина душица, но исто така тоа може да вкучува и додаток од zaatar, намачкано маслиново масло, мелено јагнешко месо, чили и спанаќ. Се служи како дел од оброк или како ужинка со чај од нане и фета сирење на страна, а исто така може да биде послужено и за појадок.
#7 Пастрмајлија- Република Македонија
Пастрмалијата е пица на народот на Република Македонија. Направена во долго овално тесто, посипено со месо, сирење и зеленчук. Нешто како мешавина на calzone и hoagie во САД, а уште повкусна. Може да биде превиткана и да се јаде како hoagie,или сечена и послужена на парчиња. Постојат многу варијации кои можете да ги искористите од вашата имагинација и да направите пастрмајлија која ќе биде уникатна и по ваш вкус.
#8 Лахмаџун- Турција
Во Турција лахмаџунот е популарна верзија на пица. Рамна, со тенка кора, крцкава како на кекс, е посипана слоевито со говедско или јагнешко месо, црвена пиперка, сечкан кромид, билки и зачини. Лахмаџун се готви на висока температура во печка, и готова е за неколку минути. Пред да се послужи на маса, пицата е посипана со магдонос и малку сок од лимон за да се измиксаат вкусовите и да додаде шмек.
#9 Мусакан- Палестина
Оваа неверојатно зачинета пица доаѓа од Палестина и е направена со рамно тесто посипано со пилешко, цимет, маслиново масло, борови ореви, и силни зачини. Популарна во Блискиот Исток, постојат многу варијации на оваа вкусна порција и може да биде превиткано како бурито, или рамна како casserole. Луѓето ги менуваат зачините, месото, оревите и другите состојки за да ја направат по свој вкус, но овој рецепт е најпопуларн меѓу луѓето во Палестина.
#10 Пица во Кина
Ракчиња и кремвиршли во една пица. Всушност, дали некогаш сте слушнале за хот-дог пица? Ако живеете во Кина, ова е атракција, а Хонг Конг е главниот град на брза храна во светот. Изледа како прасиња во кебе, кората е направена од мини хот-догс, со ракчиња tempura посипани одозгора… и не заборавајте на мајонезот. Не се откажувајте додека не ја пробате.