Состојки:
800 гр брашно
1 коцка квасец
1 чаша јогурт
1 лажичка ракија
малку масло
1 лажица шеќер
2 лажички сол
Промешајте го квасецот со топла вода и шеќер и пуштете го да ферментира. Промешајте го брашното, додадете сол, шеќер, јогурт, ракија и малку масло. Промешајте го квасецот, додавајќи млака вода. Оставете ја сместата „да порасне“ на топло. Кога ќе да дуплира големината, кинете парчиња од тестото и правете ги налик на топчиња, па оставете ги да одморат малку. Подоцна секоја топка растегнете ја со прстите и оставете ги да отстојат додека се згрее зејтинот. Пржете ги додека не добијат златникава боја. Се служат со сирење, јогурти или џем, шеќер…