Состојки
2 парчиња големи кроасани
100гр. бело чоколадо
7-8 парчиња бисквити
1 кесичка прашок за пудинг од ванила
250гр. млеко
1 лажица маргарин
4 лажици шеќер + 1 ванила
2 банани
1 лајче сок од лимон
Подготовка
Во редот на брзи десерти е местото и на овај предлог.
Млекото се става еден дел да се стопли на оган, а мал дел се меша со пудинг правот, шеќер и ванила, се меша без грутчиња, па се става на оган во топлото млеко и се вари густ пудинг. Кога малку подолади се додава белото чоколадо и маргаринот да се истопат внатре.
Во калап за векнички или било ког долгнавест се става фолија за свежо, се кршат бисквити на крупно, врз нив се излева половина од пудинг смесата, врз него се ставаат кругови од сечените банани кои ги прскаме претходно со сок од лимон. Врз круговите банани оди уште половина фил и најгоре се редат кругови од насечени кроасани кои малку треба да се поднатиснат за да се спојат со филот.
Од ивиците каде ни ,,виси,,фолијата се префрла најгоре и се остава да се зацврсни неколку саати. Ако сакаме да се скрати времето се става во фрижидер и потоа се густира сечено по избор.