Познатата актерка шокираше со својот непрепознатлив изглед!
Ѕвездата од култната ТВ серија „Twin Peaks“, Лара Флин Бојл се прошена низ Лос Анџелес и ги запрепасти сите со својот непрепознатлив изглед. Сите забележале дека актерката е многу променета, а причина за тоа се многуте хирушки процедури кои го трансформирале нејзиниот изглед.
Додека уживала во друштво на својата мајка Сали, папараците ги снимиле нејзините пренапумпани усни. Иако никогаш не потврдила дека била „под нож“, првите знаци од козметичките корекции беа забележани во почетокот на 2000 година додека била во врска со Џек Николсон.
Се чини дека Лара малку претерала со инекции колаген и ботокс, зголемување на усните, фејслифтинг и останати за неа непотребни козметички процедури. Така, на последните фотографии таа изгледа подуено и целосно непрепознатливо.