Погледнете како изгледа Марс од птичја перспектива

Леталото „Марс Експрес“ кружи околу црвената планета повеќе од една деценија и ја снима нејзината површина до неверојатни детали. По повеќе од 12.500 кружења околу Марс, создаден е детален топографски модел на оваа планета, а мисијата наскоро ќе биде завршена.
Германскиот воздухопловски центар (DLR) реши да ја прослави успешната мисија и по тој повод објави епска снимка која ја  прикажува Марс од перспективата на вселенското летало. Како бонус, член на тимот DLR, Стефан Елгнер направил и саундтрак за ова видео.

„Марс Експрес“ бил испратен во јуни 2003 година на двегодишна мисија, односно една Марсовска година.

Се очекува сателитот да ги пренесува податоците барем до крајот на 2014 година.

- Реклама -