Лилијан Вебер, 99-годишната старица од Ајова, последните неколку години ги поминала шиејќи по еден фустан дневно за акцијата „Мали фустани за Африка“.
Целата иницијатива се одвива во рамките на една христијанска организација, која дистрибуира фустанчиња за социјално загрозените девојчиња во Африка.
Целта на Вебер е да успее да сошие вкупно 1000 фустани додека да наполни 100 години на 6-ти мај. Досега, таа има направено повеќе од 840.
Иако Лилијан тврди дека може да изработува и по два фустани на ден, сепак, таа одлучила да се задржи на цифрата од еден, но да го изработи внимателно и со внимание. Исто така, се надева дека секое девојче кое ќе добие еден од нејзините фустани, ќе го носи со љубов и задоволство.